Радио Милева Ја чекаше...

Само што поднесе документи за развод, Ким Кардашијан има нова љубов – еве за кого станува збор (фото)

Само што поднесе документи за развод, Ким Кардашијан има нова љубов – еве за кого станува збор (фото)

Разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест го шокираше светот. Контроверзнатаљ двојка со години ги полнеше весниците со нивната врска, која често варираше од голема љубов до развод. Јавноста е навикната нешто постојано да се случува во нивниот дом, така што тие не ја сфатија сериозно веста за дефинитивната разделба сè додека не започнаа да излегуваат „валкани алишта“ од нивното семејство.

Сега се шпекулира дека Ким е на прагот на нова романса, поточно дека има нов додворувач кој, се чини, чекаше старлетата да поднесе развод за да стапи во контакт со неа. Станува збор за американскиот рапер, Дрејк, поранешното момче на пејачката Ријана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DRAKE 🔵 (@drakeofficlal)

Имено, Дрејк наводно започнал да и праќа пораки на Ким, веднаш штом слушнал дека таа и Канје се разведуваат и се надева дека Кардашијан ќе му даде шанса кога разводот е официјален. Да се потсетиме, Дрејк и Канје имаа јавни вербални конфликти кои претежно беа околу Ким. Фановите тврдат дека Дрејк алудирал во неколку песни дека е интимен со Кардашијан, а на Канје не му се допаѓало тоа што тој никогаш не го негирал тоа.

Дрејк никогаш не разбра што виде Ким во Кание. Таа со години зборуваше дека тој не е за неа, и дека Ким ќе заврши во солзи – пренесуваат странските медиуми.

– Тој беше изненаден што и требаше толку време да разбере, и започна да и испраќа пораки веднаш штом ќе стане јасно дека разводот е неизбежен. Тој е подготвен дабиде до неа штом таа тоа го посака и тој е убеден дека тоа ќе се случи наскоро – изјави извор близок до раперот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Инаку, Канје го смени бројот и ги прекина сите контакти со Ким откако таа поднесе барање за развод, а Кардашијан може да го контактира само преку обезбедувањето. Поранешната двојка се согласи да има заедничко старателство над нивните четири деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм. Сепак, раперот, според извори на странски медиуми, ги отежнува работите.

To top