Може да се искористи како намаз и како салата. Супер рецепт.
СОСТОЈКИ:
- 250 гр. сирење
- 250 гр. кајмак
- 4 варени јајца
- 100 гр. кромид
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици масло
- 1 кисела павлака (мала) и зачини
ПОДГОТОВКА:
- Се пасираат сирењето со кајмакот и со жолчките.
- Се сечат белките со кромидот.
- Се става се во чинија со зачини, масло и кисела павлака, како и мајонез.
- Се меша.