Тајната на губењето килограми не лежи во броењето калории и бројните трикови за слабеење, туку во правилното консумирање на одредени намирници.
Риба
Рибата е богата со омега 3 масни киселини и протеини. Кога на вашата исхрана и недостасуваат омега 3 масни киселини, вашата жлезда во мозокот која го регулира нервниот систем е исклучена, па така наместо да спиете често пати може да добиете зголемена желба за храна во доцните часови. Од друга страна пак, протеините може многу лесно да ве заситат и да ви помогнат да согорите поголем број на калории.
Ореви
Овие јаткасти плодови се идеални за подигнување на нивото на магнезиум во телото, кој повторно ја спречува желбата за храна во доцните часови. Оревите се идеална ужина и замена за грицките кои ги практикувате со омилената серија и филм.
Цреши
По тренингот најдобро е да консумирате околу 100 грама цреши, кои се моќен антиоксиданс кој го чисти вашиот организам. Користете ги во сите овошни салати и здрави шејкови доколку сакате да ги спречите грчевите во мускулите и да ја подигнете енергијата по напорниот тренинг.
извор:курир.мк