Живот и Стил ги имате дома

Сакате парите да се лепат на вас: Овие три ливчиња треба да се најдат во вашиот паричник

Сакате парите да се лепат на вас: Овие три ливчиња треба да се најдат во вашиот паричник

Различни ритуални намени има, на пример, жалфијата, која поради силниот мирис и силните масла се користи за да се очади куќата.

Некои од растенијата редовно се користат како амајлии за привлекување љубов, среќа и богатство.

Различни ритуални намениима, на пример, жалфијата, која поради силниот мирис и силните масла се користи за чатење на куќата. Се верува дека може да ја отфрли негативната енергија и да го освежи просторот во кој ќе влезе здравје и изобилството.

Нането се почитува и често се користи поради неговите здравствени придобивки, а во ритуалите се користи како амајлија за заштита на семејството и неговата благосостојба.

Третото растение кое се користи во бројни обреди за привлекување богатство е ловорот. Неговите миризливи листови се популарен зачин и имаат лековити својства. Сепак, верувањето вели дека треба да се чува во домот, на тајни места каде што се чува вашата „златна резерва“ на пари.

Било кој од овие три листови, како што смета народот, вреди да се чува во паричникот, за постојано да се слеваат пари во него. За секој потрошен денар ќе дојдат три, велат старите, ако паметно се троши и се почитува се на што ќе се потроши.

Исто така, парите во паричникот треба да бидат уредно наредени, а од него мора да ги отстраните старите сметки. Тие треба да се чуваат во посебна кутија во домот, а исто така треба редовно да се средуваат.

извор: popara.mk

To top