Кинеската YouTube ѕвезда и екстремен спортист, 26-годишниот Ву Јонгнинг настрада откако падна од врв на облакодер.
Тој се обидувал да изведе акробација од покривот на зградата, но во еден момент ја загубил контролата и паднал. Неговото тело го пронашол чистач на прозори, а несреќниот момент бил снимен од камерата која што Ву ја поставил на соседната зграда со цел да ја сними неговата егзебиција.
Јонгнинг беше голема интернет ѕвезда во Кина кој што беше најпознат по екстремните видео снимки од кои што застанува здивот.
Трагедијата ја потврдила и неговата девојка на 8-ми декември кога раскажала дека два дена подоцна требало да побара благослов од нејзините родители и да ја запроси преку видео снимка, а со заработката од неговиот YouTube канал планирал да им купи подарок на нејзините родители.
Јонгнинг загинал месец дена претходно, пред за неговиот несреќен случај да се дознае во јавноста, откако неговите фанови се запрашале зошто тој повеќе не е активен и не објавува видеа на YouTube.
извор:точка.мк