Маја Беровиќ проговори за најтешкиот период во животот кога имала дури пет операции на ногата. Како што раскажа пејачката, додека имала отворена рана која се заразила, подоцна и направило многу проблеми и компликации.
Покрај здравствените проблеми, Маја признала дека најтешко и било тоа што морала на долго да се раздели од синот Лав.
– Многу луѓе имале слични проблеми како мојот. Неверојатно ми е колку често тоа им се случува на луѓето, мислев дека тоа сум само јас. Тоа беше инфекција на ногата. Бактеријата стрептокока ми направи хаос. Тоа е нешто што многу тешко да се лекува. Тоа е можно со антибиотици, но во потешки случаи со операција. Морав да направам операција, бидејќи работата навистина се искомплицира. Имав отворена рана… – изјави таа.
Пејачката потоа откри што ја довело до проблемот што го имала.
– Тоа лето многу шетав со син ми… Не носев фластер, иако ми рекоа, затоа што пред тоа веќе имав некои проблеми со кожата. Таа отворена рана се зарази. Мислев дека ништо лошо не може да ми се случи, но еве… Се случи. Имав лош имунитет, затоа и така поминав – изјави Маја во емисијата „Премиера – викенд специјал“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Маја Беровиќ