За Александар Маленко изминатиот период во медиумите се пишуваше во написи поврзани со неговата ќерка Лора која се омажи и стана мајка, а тој дедо. Претходно пак, го следеа и скандали со Пливачката федерација на Македонија.
Но, сега Маленко е повторно во фокус поради она за кое излегле најмогу наслови досега – бракот односно разводот.
Имено, на Маленко повторно не му се плива во брачните води, и решил да се разведе по четврти пат, овој пат од Фанче од Охрид која е сопственичка на хотел. Приказната започна со пишувањата дека Маленко во една утринска емисија открил дека извесно време не живее заедно со сопругата.
-По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање. Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот за ммс.мк
Инаку, Маленко и Фанче се венчаа во 2012 година, а од бракот имаат две малечки синчиња.
За потсетување, брачната историја на Маленко е ваква: Зад себе има четири брака и пет деца.
Прва негова сопруга беше водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора, од која доби и внук. Беше во брак и актерката Јелена Жугиќ со која го има синот Ахил. Третата сопруга на Маленко беше шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорава со која исто така има син.