Живот и Стил

Ролат полн чоколадо за брзо време

Ролат полн чоколадо за брзо време

Чоколаден ролат за брзо време.

СОСТОЈКИ:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
200 мл. слатка павлака
200 гр. бело чоколадо
1-2 лажици инстант кафе
150 гр. темно чоколадо за горе
4 лажици масло

ПОДГОТОВКА:

-Се матат убаво со миксер јајца со шеќерот, па се додава брашно постепено и се меша, но не со миксер, туку со жица или лажица.

-Се намастува плех за печење и се става малку брашно доле, па се става смесата и се пече додека не порумени на 180 степени.

-Потоа се вади тестото и се мота во влажна крпа.

-Се става во слатката павлака 1-2 лажици кафе и се варат, па се додава искршено бело чоколадо и се меша.

-Се лади и се мати со миксер потоа.

-Се премачкува ролатот со кремот и се витка, па се топи темното чоколадо со масло и се прелива колачот.

извор: готви.мк

To top