Живот и Стил

Рокот не е единствена гаранција: Еве како да препознаете дали може да ја користите кремата за сончање од лани

Рокот не е единствена гаранција: Еве како да препознаете дали може да ја користите кремата за сончање од лани

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Британскиот дерматолог Мервин Патерсон открил дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.

„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амабалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакна докторот.

Дерматолозите велат дека иако овие креми имаат рок на траење до една година, треба да внимавате освен што сонцето ќе ве изгори, ќе ви се појави и иритација на кожата.

За да го продолжите векот на вашите креми докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина.

извор:курир.мк

To top