Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на 7-ми јули ќе настапи на концертот „Рок симфонија“ на Камерниот оркестар на Битола. Концертот ќе се одржи на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот.
Ова е првиот од трите најавени концерти од проектот „Балкан гала“. На 9-ти јули следува „Поп симфонија“ а „Електро симфонија“ на 11-ти јули.