На децата треба да им се дозволи да ја истражуваат храната, но стручните лица предупредуваат дека има намирници кои треба да се избегнуваат додека бебето не наполни барем една година.
Мед
Медот треба да се избегнува затоа што може да развие ботулизам. Ботулизмот е ретка, но сериозна болест предизвикана од анаеробната бактерија „Clostridium botulinum“ која произведува токсини, а последиците за бебињата помали од една година може да бидат сериозни.
Путер од кикирики
Овој производ може да предизвика сериозни алергиски реакции. Освен алергии, путерот од кикирики е опасен и затоа што е густ и леплив, па може да предизвика задушување.
Сол
Бебињата не треба да јадат солена храна. Бубрезите на едногодишно дете не се доволно развиени за да се справат со големи количини на натриум, па затоа солта треба да се избегнува.
Грозје
Грозјето е корисно за дечињата, но откако ќе потпораснат малку. Дури и ако зрното се исече на половина, тоа претставува ризик за бебето оти може да доведе до задушување. Ова важи и за сувото грозје. Едноставно, ова овошје треба да се избегнува.
Тврди бонбони
Бонбоните и лижавчињата детето треба да ги добие тогаш кога ќе може веќе само да ги четка забите.
Чоколадо
Секое бебе сака чоколадо. Но, чоколадото содржи кофеин, какао и млеко, што е тешко за децата под една година, да го сварат.
Свежи моркови
Како и грозјето, големите и тврди сурови моркови се голем ризик од задушување кај малите деца. Најбезбеден начин за консумирање морков е кога тој е варен.
Пуканки
Иако се крцкави, вкусни, а донекаде и здрави за јадење, пуканките сепак, се сериозен ризик од задушување. Никогаш не смее да им се даваат пуканки на деца под една година.
Извор:Курир.мк