Не помина една недела од гала свадбата на Богдана и Веjко Ражнатовиќ каде присуствуваа 500 гости во еден белградски хотел, а сега семсјтвото на невестата има нова причина за славење.
Имено, мајката на Богдана, Бојана и Наташа, Даниела Родиќ денес го слави роденденот, а нејзините наследнички јавно и го честитаа 49-от роденден.
– Те сакам најмногу на светот – напиша Бојана, додека Наташа додаде: „Прекрасен ден“.
Даниела и Богдан Родиќ не ја кријат својата среќа што напролет нивната најмала ќерка Богдана ќе го донесе нивното прво внуче на свет, а неодамна тие ги отворија своите души на оваа тема:
– Го спремаме она што на сите веројатно им треба. Премногу е рано да се зборува за тоа, а и таква работа треба да остане само во семејството. Нека оди сè како што треба, така што сè друго ќе биде лесно – изјави мајката на Богдана за Курир.рс.