Изминатиот викенд беше еден од најсреќните за младата актерка Нина Деан и семејството – славеа роденден!
Помина една година откакоНина Деан на свет го донесе своето синче и се реализираше во улогата на мајка.
Малиот Каи е потпораснат и пресладок, а мама и тато му огранизираа роденденска забава во двор меѓу најблиските.

Торта со две пингвинчиња, балони, играчки и секако многу, многу радост, насмевски и неизмерна среќа.
Инаку, мама Нина уште во првите денови по пристигнувањето од породилиштето, па и подоцна, редовно и го покажуваше наследникот на јавноста преку социјалните мрежи.

Сега, ужива во мајчинството, да го негува, гушка, гали, бакнува, фотографира… своето малечко синче со уникатно име Каи.
Инаку, Нина во текот на целата бременост не беше резервирана и често објавуваше фотографии од трудничкото стомаче. Нешто пред породувањето таа го доби и свршеничкиот прстен од својот сакан.