Исак Шабановиќ, пејачот кој стекна голема слава како учесник во „Ѕвезда Гранда“ го слави својот 27 роденден.
Во оваа прилика во негово име пристигнаа голем број честитки и убави желби преку социјалната мрежа Инстаграм, како од фановите, така и од колегите.
– Да си жив и здрав и да ти се исполнат сите желби во животот. Сè што посакуваш да се оствари. Те сака другарката – порача Зорана Миќановиќ со нивната заедничка фотографија, а ниту Александар Јосифовски не беше скржав на зборовите.
– Биди добар,здрав и убав, какви што веќе си и само пеј, пеј и пеј! – му рече тој.
Посебно внимание секако привлече неговата торта на која течеа црни и златни бои, а која беше украсена со глава од скелет и натпис „рокенрол“.
– Торта, засекогаш – коментираше тој во своите „приказни“.
Да потсетиме, Исак неодамна се најде во центарот на вниманието поради раскинувањето со колешката Александра Младеновиќ.
– Така е, раскинавме. Беше убаво додека траеше… Александра е одлична девојка и ќе останеме пријатели. Сепак, сфативме дека сме различни и дека најдобро е секој да си оди по својот пат. Се разделивме без лоша намера и имам убави спомени од нашата љубов. Сега сум целосно посветен на работата и настапите – изјави неодамна.