Синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, Александар, изминатиот викенд го славеше својот втор роденден, а пејачката ја сподели атмосферата од домот, каде имало вистинската роденденска бајка.
Станот на семејството Живојиновиќ имаше полно балони и подароци, а малиот Александар го пречекаа три роденденски торти.
Нетрпеливо ги отвораше подароците што ги доби, а како изгледа роденденската атмосфера во домот на Александра и Филип, можете да видите од објавата на познатата пејачка.
View this post on Instagram
На роденденот беа присутни и баба Брена и дедо Боба кои се фотографираа држејќи го внукот во рацете.