Радио Милева

Роденден за паметење во кој годините се само број: Татјана Стојановска го славеше животот! (фото)

Роденден за паметење во кој годините се само број: Татјана Стојановска го славеше животот! (фото)

ТВ презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Постојат  многу жени кои стареат достоинствено, што за момент ќе посакате времето и на врз вас да фрли идентична магија, а Татјана дефинитивно е една од нив.

Се вели дека дамите не се прашуваат за годините, а на повеќето тоа како да тоа им одговара, па ретко ќе слушнете некоја припадничка на понежниот пол која како од пушка го изговара бројот на летата кои ги изживеала.

фото:татјана стојановска/фејсбук

Стојановска е една од оние ретките што воопшто нема намера да сокрие дека е длабоко во петтата животна деценија, а по повод нејзиниот роденден, како и секоја година таа гордо го истакна бројот на свеќичките кои ги дувна на црвната торта.

фото:татјана стојановска/инстаграм

Убавиот повод не помина ниту без роденденска прослава во еден скопски ресторан, каде Татјана ги собра најблиските и пријателите.

Музиката во живо беше дополнителна причина за веселото друштво да запее на микрофон и на славеничката да и направи уште поубави моменти од прославата за својата 45-ка.

фото:татјана стојановска/фејсбук

Насмевката на нејзиното лице говори декаТања ќе памети уште еден прекрасен роденден разубавен од најсаканите, а секако не беа исклучени и лавината од честитки на социјалните мрежи.

Среќен роденден!

To top