Македонската млада пејачка, Антониа Гиговска на 21 јануари слави роденден.
Иако велат на дамите не им се бројата годините, сепак некои не ги кријат и задоволно ги кажуваат.
Па така роденденскиот ден Антониа го одбележа со специјален пост на социјалната мрежа Инстаграм, каде налик на славните организирала и посебна фотосесија со необична роденденската торта, а на објавата ја откри и бројката која ја полни, 23 за која доби грст роденденски честитки.
View this post on Instagram
Заедно со споделениот пост таа ја закачи и песната „Birthay“ во која се повторува „Роденден ми е“.
На една фотографија Антониа без двоумење седнала врз тортата направена од картон и украсен тул.
Додека на друга пак излегува од неа со широка насмевка на лицето и шарено детско лижавче во устата.
Таа покрај тортата се скоцкала и во тесни хеленски и топ со цел да го покаже затегнатото тело на кое неуморно работи откако се породи.
Така на пејачката, а од неодамна и горда мама слебениците и посакаа многу успех, а да има убав ден прва и честиташе поранешната пејачка Ноне Неделковска.
Додека пак познатата водителка Лила Филиповска и посака годинава да стане светска ѕвезда, на што пејачката веројатно многу се израдувала.
Пораките продолжија да се редат во текот на денот, а каде и како одлучила да го прослави „ денот што го чекаме цела година“, допрва ќе сподели славеничката Антониа.
Фото:printskrin/instgaram/antoniagigovskaa