Радио Милева некогаш биле ненаситни

Роби Вилијамс нема проблем со бракот без секс, а во тоа е согласна и неговата сопруга (фото)

Роби Вилијамс нема проблем со бракот без секс, а во тоа е согласна и неговата сопруга (фото)

Славниот пејач Роби Вилијамс отворено прпговори за интимата и деталите од спалната соба во која понегогаш дури спие во тројка, заедно со сопругата и нејзината мајка.

Славниот 49-годишник за падот на либидото ги обвинува инјекциите тестостерон кои престанал да ги консумира затоа што ги зголемиле неговите симптоми на депресија, но од друга страна придонеле на неверојатната количина на секс додека ги консумирал.

Во заедничкото интервју за „The Sun“, Ајда и Роби потврдиле дека се задоволни со моменталната состојба и дека ниту на едниот ниту на другиот не им пречи моментално што немаат односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

„Сите знаат дека во бракот нема секс. Тоа едноставно е така. Примав тестостерон одредено време, но поради тоа што сум зависник, морав да престанам. Со тоа добив масивни раменици и почнав да изгледам како обезбедување на вратите од клубовите. Не изгледав добро. Но, сексот којшто го имавме додека консумирав тестостерон беше неверојатен и имавме нонстоп. Бевме незаситни. Тоа покажува колку навистина сме заљубени еден во друг затоа што додека бев „на тоа“, не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг“, признал пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

„Ми недостасува тоа. Тоа беше забавен период. Меѓутоа, сега е таква ситуацијата што Ајда некогаш се врти кон мене, додека седиме на софата и ми вели: Треба да водиме љубов“, а јас само седам таму, јадам мандарина и ги кревам рамениците“, додал пејачот.

Ајда заклучила дека без оглед на моменталниот недостаток на интимност, среќни се во бракот и додала дека попрво би одела во теретана отколку во спалната соба.

„Да се нема секс во бракот е проблем само доколку сте на различни страни, односно доколку едната личност тоа го сака, а другата не, доколку имате поразлични очекувања и барања“, коментирал Вилијамс.

„Мислам дека луѓето го бркаат сексот со интимноста. Секогаш се галиме и бакнуваме, се држиме за рака и се допираме еден со друг додека гледаме телевизија. Интимноста е важна, значаен дел од животот. Имам пријателки кои се чувствуваат обврзани да имаат секс со своите сопрузи и тоа е грозно. Роб и јас сме на истата страна, ние сме навистина среќни“, изјавила Ајда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

Да ве потсетиме, парот е во брак од 2010 година, а заедно имаат четири деца – ќерките Коко и Теди и синовите Чарлс и Бо.

Важат за еден од најстабилните парови во светот на шоубизнисот, а интересно е тоа што Роби е многу близок со својата тешта, толку многу што таа понекогаш спие со него и сопругата во брачниот кревет.

фото:Instagram/robiewilliams

To top