На Роберт Билбилов му беа потребни цели девет години за повторно да се врати на „Макфест“ како изведувач, каде што се појави на годинешниов фестивал на забавни мелодии во Штип.
Тој се претстави со баладата насловена „Чудни места“, на која самиот ги потпишува музиката и аранжманот, додека текстот за песната го напишал Робин Зимбаков.
„Чудни места“ доаѓа по пауза од 3 години откако ја испеа последната негова песна „Остани со мене“, што веројатно ќе биде поттик за македонскиот хитмејкер почесто да го слушаме и гледаме и во улога на изведувач. За доживувањето да биде уште повпечатливо, песната е дополнета со лирик видео што го изработиле „Скај ај ентертејнмент“, а сето тоа можете да го слушнете и погледнете во продолжение.