Промотер

Ристе Ристески се’ уште ја има во крвта – „Неизлечиво“ (ВИДЕО)

Ристе Ристески се’ уште ја има во крвта – „Неизлечиво“ (ВИДЕО)

Единствениот македонски победник во „Ѕвездите на Гранд“ и ексклузивец на продукцијата „Гранд“, охрижанецот Ристе Ристески ја објави втората студиска песна со наслов „Неизлечиво“. Песната е проследена  заедно со видеозапис, кој пејачот го објави на својот официјален Јутјуб-канал.

На песната „Неизлечиво“ работеше тим во состав: Милан Раѓен (музика и аранжман), Дивна Миловановиќ (текст), Саша Радојевиќ – Жуле (тапани), Петар Трумбеташ (гитари и бузуки), Ељез Шабани (кларинет) и Ивана Селаков (придружни вокали).

Видеозаписот се снимаше во луксузната белградска вила „Рококо“ во режија на филмска продукција „Ројал Филмс“.

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение:

To top