Македонскиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески продолжува да објавува нови песни, а најновата во низата е „Како ли се она зове“, планирана за освојување на регионот. Павле Радуловиќ е автор на музиката и аранжманот, а стиховите ги напишала Гордана Гвозденовиќ.
По претходната песна „Неизлечиво“, која беше балада, Ристе одлучи својата публика да ја израдува со еден вистински летен хит. Пејачот ја екранизираше својата нова песна под режисерската палка на продукцијата „Ројал филмс“, а видеото е снимено во Грција.
Покрај преубавите кадри на грчките плажи и таверни, охриѓанецот е опкружен и со убави девојки. Многумина забележуваат дека Ристе и во поесната и во спотот по многу нешта заличува на некои претходни аудиовизуелни изданија на неговиот колега, популарниот Саша Ковачевиќ.
Дали и нашиот Ристе ќе ја достигне неговата слава и популарност во регионот, останува да видиме, во меѓувреме да уживаме во неговата најнва тема во продолжение.