Напитокот од целер има бројни придобивки за организмот, а неодамна стана популарен, благодарение на Ентони Вилијам од Medical Medium.
Со консумирање на сок од целер го детоксицирате телото, но и правите добро за вашата кожа и коса. Има многу придобивки од целерот.
Овој зеленчук е познат уште од античко време. Пронајден е во пирамидата на Тутанкамон, која датира од 1323 година п.н.е.. Се користел во древна Хелада, а се споменува дури и во Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“.
Целерот е растение кое содржи бројни витамини, но влијае и на процесот на стареење. Целерот содржи и витамин К и го штити здравјето на коските и срцето.
Одличен извор е на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Коренот, стеблото и листовите се користат во храната. Незаменлив дел е од супите, салатите, варивата и чорбите, а како посебен зачин се користат суви семки од целер.
Иако е честа состојка во правењето супи, целерот може да се консумира и во сок, кој можете да го направите на следниот начин.
Сѐ што ќе ви стреба се 2 стебленца целер и лимета.
Напитокот подгответе го така што ќе го исечкате целерот, ќе додадете лимета или овошје по желба и сѐ ќе изблендирате во блендер.
Извор: Кајгана.мк