Состојки:
(за 3 лица)
– 200 гр варен ориз
– 2 мали главици црвен кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 1,5 лажички сув билен зачин
– 1 лажичка мелен црн пипер
– прстофат чили
– 1/2 лажичка магдонос
– 2 јајца
– презла по потреба
Подготовка:
Кромидот исчистете го и ситно исечкајте го и пропржете го на масло додека не порумени, а потоа додадете го оризот и динстајте со повремено мешање и прелијте го со вода.
Кога ќе се свари оризот, додадете ги зачините, измешајте и оставете да се излади.
Во оризот се додаваат јајцата, магдоносот и презлата, се меша додека не се добие еднолична смеса која не треба да биде премногу кашеста или тврда.
Со раце формирајте плескавици и пржете ги на масло од секоја страна додека не поруменат.
Можете да користите кокосово масло или друго масло по ваш избор.
Извор: Попара