Медењаците традиционално се подготвуваат за Нова година, особено во оние домови во кои живеат малите деца.
Медењаците некогаш биле омилениот десерт од детството, а секоја домаќинка имала свој таен рецепт за баш нејзините да бидат најмеки и најубави. Вообичаено се чувале во малечка кутија затоа што така биле уште помеки и подолго време можеле да стојат.
Состојки:
– 7 лажици мед;
– 7 лажици шеќер;
– 2 јајца;
– 1 лажица млеко;
– 7 лажици масло за јадење;
– 450 грама брашно;
– 1 лажичка сода бикарбона.
Подготовка:
Во чинија помешајте ги медот и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата. Сѐ добро измешајте, а потоа додадете го млекото, маслото и брашното кое претходно сте го помешале со сода бикарбона.
Мешајте додека не добиете тесто, а потоа добро замесете.
Со рацете формирајте кругови со средна големина, а потоа распоредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 12 минути, а потоа исклучете го шпоретот и оставете ги медењаците внатре уште 3-5 минути. Кога ќе се изладат по желба посипете ги со шеќер во прав или украсете ги.
На здравје!
Извор: Точка