Десертот со круши е совршен за рана есен, која полека зема замав, а нема да останете рамнодушни на рецептот за вкусна пита со ова слатко овошје.
Со вкусната пита со круши не можете да погрешите, бидејќи, освен што е соодветна слатка закуска, питата е и лесна за подготовка.
Потребни состојки:
За кора:
300 грама брашно
2 лажици прашок за пециво
1 прстофат сол
½ лажичка мелен цимет
1 лажичка мелен ѓумбир
¼ лажичка мелено каранфилче
2 јајца
80 грама шеќер
150 грама путер на собна температура
200 милилитри млеко
2 круши, излупени и исечени на парчиња
За круши:
800 милилитри вода
170 грама обичен шеќер
40 грама кафеав шеќер
2 стапчиња цимет
кардамон
анасон
1 кора од портокал
2 тркалезни парчиња портокал
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Во меѓувреме, посипете путер и брашно на калап со дијаметар од 24 см.
2. Се матат путерот и двата вида шеќер додека не се растопат. Додадете ги сувите состојки, јајцата и млекото. Се меша со лажица, но не со миксер.
извор:кафепауза.мк