Превкусната турска салата која се служи во тамошните ресторани се прави брзо, а може да ви послужи и како главно јадење.
Состојки:
– 3 модри патлиџани;
– 5 црвени, печени пиперки;
– 2 главици кромид;
– 500 грама сос од домати;
– 700 грама кисела павлака;
– масло за јадење;
– магдонос, бибер, сол, зачин од црвена, мелена пиперка.
Подготовка:
Модриот патлиџан исчистете го и исечкајте го, посолете го и пржете го на масло. Оставете го да се исцеди од маснотијата.
Во посебна тава пржете ја пиперката. Потоа во друга тава испржете го кромидот и додадете го сосот од домати. А, потоа послужете го оброкот во чинија за салата на следниот начин.
На дното ставете кисела павлака, над неа додадете ја пиперката, потоа сосот од домати, па модриот патлиџан. Сето тоа зачинете го со магдонос.
Уживајте во оброкот!
извор:точка.ком.мк