Потребни состојки:
700 грама брашно
2 јајца
50 грама свеж квасец
50 милилитри масло
200 милилитри млеко
1 кафена лажичка сол
1 лажица шеќер
рендана кора од портокал или лимон
масло за пржење
шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
1. Во длабок сад се става брашното и се додаваат јајцето, маслото, млекото, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од портокал и издробениот квасец. Добро измешајте и замесете помеко тесто. Внимавајте тестото да не се лепи, покријте го со крпа и оставете го да нарасне околу еден час.
2. Кога тестото ќе нарасне, извадете го на работната површина на која претходно сте посипале брашно и поделете го на два дела. Еден дел развлечете го со сукало и со чаша направете кругови. Постапката повторете ја и со другата половина од тестото, па оставете ги крофните да отстојат уште дваесетина минути.
3. Во длабока тава загрејте поголема количина масло и полека додајте ги крофните да се пржат на средна температура. Доволни се неколку минути од двете страни. Кога ќе бидат готови, оставете ги на салфетка да се исцедат, а врз нив посипете шеќер во прав.
На здравје!
извор:кафепауза.мк