Живот и Стил

Рецепт за крем бруле: Овој деликатес е омилен десерт во Франција, а многу лесно се подготвува

Рецепт за крем бруле: Овој деликатес е омилен десерт во Франција, а многу лесно се подготвува

Крем бруле е еден од синонимите за десерт кога зборуваме за француската кујна. Ако сакате да јадете нешто слатко – крем бруле е секогаш добра идеја.Како што ќе видите од рецептот за ова задоволство,лесно се подготвува и многу вкусно.

Состојки:

-жолчки од јајце – шест парчиња

-бел шеќер – шест лажици

-екстракт од ванила – половина мала лажица

-слатка павлака – 500 милилитри

-кафеав шеќер – две лажици

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 150 степени.Потоа изматете ги жолчките,четири лажици шеќер и екстрактот од ванила и матете додека смесата не стане кремаста.

После тоа убаво загрејте ја слатката павлака,додека речиси не зоврие.Кога ќе го направите тоа,тргнете го од оган и измешајте го со изматените жолчки.Сето тоа добро измешајте го.Следниот чекор е добиената смеса да се вари на пареа и да се меша околу пет минути, а потоа да се истури во огноотпорни садови или калапи.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути,па се вади да се излади и се остава во фрижидер најмалку 45 минути. Може дури и да преноќи во него.Во рерна загреана на околу 100 степени,во помал сад измешајте кафеав и бел шеќер, а потоа прелијте го со крем брулето.

Ставете ја во рерна кратко време, неколку минути, само да се стопи шеќерот. Посебно внимавајте на овој чекор за да не изгори шеќерот.

Повторно ставете го во фрижидер неколку часа да се стегне и толку.

Пријатно!

Извор: Курир.мк

To top