Освен што ние ги прифативме, модните куќи и дизајнерите исто така со задоволство го прифатија враќањето на 90-тите во секоја смисла. Освен облеката и модните додатоци, се вратија и фризурите од тоа време.
Пуштена коса со шноли
Ако некогаш сте се пожалиле бидејќи сте ги скратиле шишките, тогаш веќе сте се сретнале со оваа фризура. Но, независно од шишките и должината на косата, оваа фризура стана голем тренд на улиците, но и на модните писти.
Цик-Цак венче
Непогрешлив избор за да ја “смирите” непослушната коса.
Големи штипки
Мајките и бабите веројатно никогаш не се откажале од нив, а сега е вистинско време и вие да им ги позајмите.
Памучна лента за коса
Некогаш омразениот додаток сега е голем хит, а понудата за него е побогата од било кога. Овој додаток за коса прошета и на модните писти во Њујорк, на модната недела.
извор: точка.мк