Еден од најдобрите македонски актери, Сашко Коцев кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува, но за својот приватен живот не сака да открива премногу детали.
Коцев ужива во брак со својата сопруга Смиљана, а парот деновиве поточно вчера (22.09.2020) имаше убав повод за славење.
Имено, парот прослави осум години од бракот, а со овие убави вести Сашко се пофали на својот Фејсбук објавувајќи заедничка фотографија со сопругата.
„22.09’12 – 22.09’20“, напиша тој покрај фотографијата, а под објавата се нижеа честитки на нивна сметка, а меѓу нив и оној на Ирена Спировска која напиша: „Да ви се множат“.
Инаку. „Златна бубамара“ беше сцената каде пред неколку години јавно пред публиката ја побара за сопруга својата сакана Смиљана, а во ноември 2017 година парот првпат стана родители на нивната ќерка Јоана која наскоро ќе наполни три години.