Водителката на „Практична жена“, Наташа Павловиќ е во брак со Предраг Павловиќ со кој има два сина.
Првиот син го добија по три години од бракот односно во 2011 година. Меѓутоа, борбата за нивниот втор син траеше пет години, а водителката истакна дека во тој период поминала низ тешки ситуации.
„Покрај сопругот научив многу телевизиски работи, како се функционира во режијата, сценарискиот дел и многу други работи. Дури научив и анализа на гледаност“, изјави Наташа во една прилика.
View this post on Instagram
„Еден на друг си кажуваме она што ни е на ум иако знаеме дека на другиот нема тоа да му се допадне. Се познаваме одлично и секако дека тоа не го правиме бидејќи имаме лоша намера туку за да се подобриме. Тогаш секој ќе се сврти на своја страна, но за еден час повторно сме тука и зборуваме како да не се случила кавга“ искрена е водителката.
Еве како изгледа сопругот на Наташа.
Пред сегашниот сопруг, Павловиќ беше во брак со актерот Марко Живиќ со кој остана во пријателски односи.