Радио Милева Веќе е голем

Ретко го покажуваат јавно: Синчето на Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска веќе е потпораснато момченце (фото)

Ретко го покажуваат јавно: Синчето на Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска веќе е потпораснато момченце (фото)

Тој е нивната слаба точка, нивниот свет, нивното се’ – Давид, наследникот на поранешната брачна двојка, Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска.

Ним патиштата им се разделија, но Давид секогаш ќе биде она што доживотно ќе ги поврзува.

Поминаа повеќе од пет години откако на свет дојде Давид, а тогаш пресреќниот тато Даниел веднаш го покажа јавно уште во болницата каде се роди.

Малото бебенце денес потпорасна, во месец февруари наполни пет години и како и секое дете го живее својот детски сон.

Како што мама Кристина своевремено изјави, во одгледувањето и воспитувањето најмногу и помага нејзиното семејство, особено мајка и.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Даниел откако се пресели во Белград, многу ретко, па и воопшто не објавува моменти со синот, а медиумите пишуваа и за тоа дека наводно не се појавил на роденденот на малиот, по што тој не се огласи.

Фотографии од Давид се доста ретки, но деновиве мама Кристина објави неколку и покажа колку потпораснал.

Ако пред пет години му го покажуваа лицето како бебе, денес Кристина нема таква пракса, па го сокрива идентитетот на наследникот.

Мама е доста ангажирана периодов со настапи во клубови и дискотеки, но затоа денот и е максимално посветен на нејзиното се’ – Давид.

To top