Симона Поповска на јавноста позната како пејачка и докторка за естетски корекции, за разлика од повеќето познати мајки, таа не практикува да ги експонира јавно своите наследници.
Симона за првпат како мајка се реалицираше минатата година во месец мај, а по вторпат пред два месеци. Нејзините синчиња се уште не ги покажала јавно, па дури и кога му славеше роденден на првиот наследник Никола.
Тогаш видовме дека со сопругот направиле голема роденденска забава, мама дозволи да го ѕирнеме секој детаљ, но не и да го видиме славеникот кој тогаш наполни една годинка.
View this post on Instagram
Таков е случајот и со второто синче Стефан за кое беше уште попмистериозна што дури ја сокри и бременоста, па кога објави дека станала мајка по вторпат, беше како гром од ведро небо. Но, сега нештата малку мрднаа од таинственост така што мама реши за првпат да го покаже синчето додека позираат во еден од скопските трговски центри.
Додуша, малиот Никола е свртен со грб додека мама го држи во рацете, но ова е првопат таа да го покаже колку пораснал.
„Ти си моето сонце“, беше нумерата во позадина на објавата, а ваквите емотивни моменти можеби ќе бидат старт дека мама се опуштила да покаже нешто повеќе.
Инаку, неодамна таа се појави пред камерите на емисијата „Мерак меана“ , а и тоа го направи за сефте на два месеци откако се порди со бебето Стефан.
фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска