Многу луѓе се мачат со непријатниот мирис на тоалетот, а тоа може да се реши со освежувач на просторијата што се прави со само две состојки што секој ги има во својот дом.
Најпрво, обрнете внимание на местото од каде што се шири непријатниот мирис и обидете се да го решите проблемот. Ако сè уште чувствувате непријатен мирис, обидете се со овој едноставен трик. Процесот е многу лесен и потребно ви е само сода бикарбона и омекнувач за алишта.
Во тегла ставете сода бикарбона и омекнувач за алишта. Теглата треба да ја наполните со сода бикарбона до половина, а потоа да ставите неколку лажици омекнувач. Содата ќе го апсорбира омекнувачот и низ просторијата ќе се шири пријатен мирис.
Ставете ја теглата на највисоката полица во бањата и уживајте во новиот, природен освежувач на воздухот.
извор:кафепзауза.мк