Мегафон

Регионот обидинет ја славеше музика на MAC 2020 (фото)

Регионот обидинет ја славеше музика на MAC 2020 (фото)

Второто издание на „Music Awards Ceremony“ се одржа вчеравечер (28.01.2020) во „Штарк Арена“ во Белград.

Во оваа спектакуларна вечер беа доделни голем број на награди, но освен добра и квалитетна музика, оваа ноќ ќе биде запаматена и по многу емоции.

Организаторот на „MAC“, Миленко Шкариќ се обрати на присутните.

„За се’ „виновни“ преку 300 луѓе. Мислам дека ова ќе биде нешто неочекувано“ изјави Миленко.

На црвениот килим се прошетаа многубројни регионални музички ѕвезди кои во елегантни тоалети блескаа во Арената, но најмногу внимание привлече пејачката Лепа Брена која со својата модна комбинација се појави во несекојдневено издание.

На овoгодинешното издание на „МAC“ домаќини во арената беа  Галеб Никачевиќ, Ана Радишиќ и нашата Тамара Тодевска.

фото: Принтксрин/твитер

Во конкуренција за регионалните музички награди bea и македонските пејачи и автори: Влатко Лозаноски-Лозано во категоријата машки вокал и најдобра поп-фолк-нумера, Александра Јанева и Антониа Гиговска за најдобар женски вокал, Гуру Харе и Аки Рахимовски за најдобра соработка, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ беа номинирани за најдобра песна, „Ај кју“ се натпреварува за поп-рок-нумера, групата „Дупер“ за алтернативна песна, „Некст тајм“ за најдобра обработка и ворлд мјузик нумера, Калиопи за најдобар концерт, Слаткар и „Два бона“ за најдобра хип-хоп-нумера, „ДНК“ за трап-нумера, „Два бона“ и газда Паја за трап-соработка, Боби Павловски за поп-фолк песна, како и други учесници од Македонија.

фото: принтскрин

Воведена беше и нова категорија, односно јутјуб-ѕвезда, а станува збор за млади изведувачи до 21 година што ги номинирале обожавателите на MAC преку социјалните мрежи.

Нина Бадриќ доби награда за пејачка на година, па на сите им се заблагодари што гласале за неа.

„Ви благодарам многу, изнедена сум, но тоа не значи дека оваа награда не ми припаѓа. Им честитам на моите колеги за номинациите. И благодарам на Марија Шерфиовиќ на големата поддршка. Оваа награда ќе ја посветам на сите автори кои соработуваа со мене. Публико, вие ме направите ваква, ви благодарам што и понатаму ви требам“ изјави Бадриќ по примањето на наградата.

фото: принтскрин/пинк.рс

Награда за најдобра рок песна доби Ван Гог за песната „Више те не волим као пре“, додека наградата за животно дело му припадна на Оливер Мандиќ.

„Многу ми е убаво што ја добив оваа награда во овие години, тоа не ми е пријатно. Ова награда ја посветувам на сите луѓе кои се занимаваат со музика од Љубљана до Скопје. Пред 35 години замислував вака да изгледа мојот концерт. Му благодарам на сопственикот на овој фестивал кој им овозможи на изведувачите да можат да ја престават својата музика. Ова е на светско ниво кое се случува кај нас. Ви благодарам уште еднаш“ изјави Оливер.

фото: принтскрин/пинк.рс

Добитници на наградата за најголемо влијание на музичката регионална сцена се Буба и Џала.

„Парни Ваљак“ освоија награда за најдобра поп – рок песна насловена „Откуд ти право“.

Сергеј Четковиќ и „Who see“ добија награда за најдобра поп колоборација за песната „Пусти проблеме“.

Наташа Бекевалац пак, награда за најдобро музичко видео за песната „Доџи мами“.

фото: г.срданов/рассрбија

„Драго ми е што ја освоив оваа награда. Јас сакам да ве поканам на 14 февруари на мојот концерт“ изјави Наташа.

Лена Ковачевиќ доби награда за најдобра поп песна од женски изведувач и песната „Дубине“.

фото: Принтскрин/пинк

Награда за најдобра поп песна од машки изведуваш доби Петар Грашо за песната „Воли ме“.

„Големо ми е задоволство што добив награда за најдобра поп песна во регионот. Ви благодарам на сите што ја сакате мојата музика, се надевам дека нема да ве изневерам“ изјави Грашо.

Марија Шерифовиќ доби награда за најдобар концерт, а потоа со Тамара Тодевска се вклучи од бекстејџ и поразговара за досегашните успеси и идни музички планови.

фото: Принтсркин

„Ова е единствена прилика кога сите може да се дружиме. Убаво е кога ќе добиеш награда, посебно ваква кога знаеш колку е тешко да продадеш карти и да ги полниш салите, а по март одиме нова тура, нова авантура“ изјави Марија.

фото: Принтсркин

Тијана Дапчевиќ и „Фрајле“ добија награда за најдобра преработка.

Дапчевиќ по примањето на наградата им се заблагодари на сите, како и на Браја кој ја напишал песната, а и истакна дека „Негатив“ е полнолетна и е стара 18 години.

фото: Принтсркин

Наградата за најдобра „World music“ песна ја доби групата „Сарс“ за песната „Руке“.

Награда за најдобар нов изведувач доби Ангелина со песната „Пиле моје“.

„Не знам што да кажам. Не очекував, не подготвив говор. Ова немаше да постои без вас, очекувајте уште песни. Ќе се потрудам следната година и ќе го дадам својот максимум“ изјави Ангелина.

Сале од Тропико бенд ја најави наградата за најдобра поп- фолк песна, а оваа награда отиде во рацете на макеоднскиот пејач Влатко Лозаноски, кој оваа награда ја доби за песната „Мајка“.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Здраво Белград и на сите присутни. Драго ми е што сум дел од овој спектакл. Ви благодарам на сите кои гласавте за мене. Сакам да ги поздравам сите Македонци кои ме поддржуваат сите овие години“ изјави Влатко по примањето на наградата.

Награда за најдобра поп песна доби „Магла бенд“ за песната „Театрално“.

Сенидах со песната „Мишичи“ ја однесе наградата за најдобра треп песна.

Александра Пријовиќ за песната „Богата сиротиња“ ја доби наградата за најдобра фолк песна.

„Ви благодарам на сите, сакам да им честитам на сите мои колеги“ кратко се обрати Пријовиќ.

фото: Принтскрин

Наградата за најдобра алтернативна поп песна отиде во рацете на Буч Кесиди за песната „Нема љубав у клубу“.

Илда Шаулиќ со песната „Жал“ од Шабан Шаулиќ, настапи во „Штарк Арена“.

„Благодарам што постојат вакви манифестации и додека во негово име примам награди, јас ќе бидам горда. А сега ќе му се обратам на него: „Ни остави срца исполнети со тага, но и со гордост. Сакам да верувам дека си таму каде што се одмараш и дека не чуваш. За нас, ти никогаш не си замина  и никогаш нема да си заминеш“ изјави Илда.

фото: Принтскрин/пинк.рс

Саша Матиќ ја најави наградата за оставен впечаток во народната музика, а оваа награда беше доделена на Шабан Шаулиќ, а Илда ја прими оваа награда.

Саша Матиќ доби награда за пејач на годината.

Невена Вожовиќ и Ненад Кнежевиќ добија награда за најдобра обработка.

На „МАC“ беше одржан и настап посветен на Далибор Андонов Гру кој почина претходната година.

„Ние пораснавме со неговата музика. Ова беше полно со енергија, исто како да е со нас“ изјавија Фрајле по настапот.

Тиајна Дапчевиќ беше дел од екипата која настапуваше во име на прерано починатата ѕвезда Гру.

„Не има тринаесет луѓе. Тоа ќе биде прекрасен настап“ изјави Тијана пред настапот.

Лепа Брена доби награда за допринос во музиката, а Јелена Карлеуша и Газда Паја добија награда за најдобар дует за песната „Лајк“.

фото: принтскрин/инстаграм

Македонската дива Калиопи воодушеви со својата изведба на „Бато“, па доби многу овации по нејзината изведба.

фото: принтскрин

На „MAC“ свои настапи имаа и Јелена Розга, Сенида, Буба и Јана, Нина Бадриќ, Невена Божовиќ, САРС, Оливер Мандиќ, Александра Радовиќ, Лепа Брена….

фото: Принтскрин

 

To top