Живот и Стил

Речиси е невозможно да го избришете вашиот Фејсбук профил, а еве која е причината

Речиси е невозможно да го избришете вашиот Фејсбук профил, а еве која е причината

„Тоа е како луд поранешен партнер кој никогаш не може да ве заборави“.

Сите барем еднаш ќе си кажеме дека ни е довлно од притисокот кој социјалната мрежа Фејсбук ни го наметнува и дека не можеме постојано да покажуваме како живееме и колку сме среќни. Сепак, Фејсбук е популарно место на кое лесно може да стапите во контакт со роднините и пријателите кои не ви се баш блиски.

Откако помина една година од скандалот кој го откри „Кембриџ аналитиката“ кога беше откриено дека компанијата Фејсбук користи лични податоци од корисниците без нивна дозвола, дури 44 отсто од корисниците на возраст од 18 до 29 години ги избришале своите податоци, а хаштагот #DeleteFacebook повторно е популарен откако „Politiko“ објави дека директорот на Фејсбук, Марк Закерберг во текот на летото приватно се сретнал со некои новинари и аналитичари.

Меѓутоа, Фејсбук известил за порастот од 8 отсто активни корисници во однос на минатата година. Тоа значи дека оваа социјална мрежа месечно има дури 2.41 милијарда активни корисници низ целиот свет.

Што кога ќе се одлучите да го избришете Фејсбук профилот? Еве што кажале некои од поранешните корисници на Фејсбук.

„Тоа е како луд поранешен партнер кој никогаш не може да ве заборави“.

Џакс Остин, блогер кој ја прошетал Америка, одлучил да го избрише својот Фејсбук профил по минатогодишниот скандал. Сепак кога се обидел да го направи тоа баш и не успеал.

„Тоа го направиле да биде толку тешко што речиси едвај е возможно. Како луда поранешна девојка, никогаш не може да ве заборави“ – изјавил тој.

И други имале слични проблеми како Остин. Фејсбук е всушност како екосистем апликација, а тоа процесот на бришење го прави многу покомплициран. Апликациите за “дејтови“, како што се Тиндер и Хингде и сервисот каков што е Spotify мора да користат Фејсбук за да се логирате на нив.

Фејсбукот на Остин бил поврзан со сервисот „If This Then That“ кој снимките од Јутјуб автоматски ги поставувал на неговиот Фејсбук профил.

Остин на крајот својот Фејсбук профил го претворил во страница за фанови.

Анастасија Ашман, инвеститор во Сан Франциско изјавила дека одлучила да го избрише својот Фејсбук профил по извештајот од „Кембриџ аналитиката“, но дека цената на нејзиното “заминување“ е голема.

Таа вели дека има многу малку мејлови, адреси и телефонски броеви па затоа сега со луѓето многу потешко може да се слушне.

„Толку од социјалниот живот е поврзан со Фејсбук“ – рекла таа.

Од друга страна пак, некои на потегот на бришење на Фејсбук профилот се одлучиле многу порано. Еден од нив е Марк Маитланд од Англија кој својот профил го избришал во 2012-та година затоа што му било преку глава од глупостите.

„Навистина не ме интересира дали вашето дете научило да оди. Можам да останам во контакт со луѓето така што ќе им се јавувам или пак ќе им испраќам пораки“ – изјавил тој.

извор:точка.ком.мк

To top