Живот и Стил

Рецепт за вкусна и брза торта за која ви се потребни само 3 состојки

Рецепт за вкусна и брза торта за која ви се потребни само 3 состојки

Потребни состојки:

180 грама темно чоколадо
375 мл кокосово млеко
220 грама овесна каша
сечкани јаткасти плодови по желба

Начин на подготовка:

1. Намачкајте го со путер кружниот калап за колачи и нанесете хартија за печење. Премачкајте ја и хартијата за печење. Оставете го калапот настрана.

2. Чоколадото се сечка и се топи во кокосово млеко.

3. Додадете овесна каша и мешајте додека смесата не стане хомогена.

4. Истурете ја смесата во калапот. Оставете да се излади на собна температура, најмалку 4 часа пред сервирање.

5. Послужете со свежо овошје.

Забелешки:
Оваа торта не е толку слатка бидејќи не користиме шеќер освен чоколадо.
Ако сакате посладок вкус, додадете 1-2 лажици шеќер или друг засладувач во кокосовото млеко.
Да се чува во фрижидер до 5 дена.
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и едноставен чоколаден колач без брашно.

Извор: atma.hr/кафепауза.мк

To top