Живот и Стил

Рецепт за вкусна француска пита со јагоди

Рецепт за вкусна француска пита со јагоди

Овој пат ви предлагаме рецепт за кралска пита со рабарбара – растение кое расте во пролет и се смета за еден од најздравите видови зеленчук. Се карактеризира со кисел вкус и може да се комбинира во солени и слатки јадења, како супи, мармалади сосови, а од него може да се направи и вино.

Потребни состојки:
За тесто:
200 грама брашно
200 грама путер
две лажици шеќер
прстофат сол
ванилин шеќер
5 лажици ладна вода
За фил:
300 грама свежи јагоди
200 грама рабарбара
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици џем од јагоди (по желба)
Начин на подготовка:
1. Замесете го тестото. Измешајте ги брашното, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер и додадете го ладниот путер (претходно исечен на коцки). Додадете вода и замесете ја смесата. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час во фрижидер.

2. Исчистете ја рабарбарата и исечете ја на парчиња. Можете да ја сварите во вода со мед, но не е неопходно.

3. Во друг сад измешајте ги јагодите, шеќерот, рабарбарата и џемот од јагоди.

4. Расукајте го тестото и ставете го во калап. Тестото треба да биде поголемо од калапот, односно да ги надмине рабовите на калапот за најмалку 3 сантиметри. Распоредете ја смесата со јагоди врз тестото, а потоа свиткајте ги рабовите навнатре. Премачкајте го тестото со жолчка, посипете шеќер и печете половина час на температура од околу 180 степени целзиусови.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за вкусна француска пита со јагоди, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна чоколадна пита со лешници.

Извор: punkufer.dnevnik.hr/кафепауза.мк