Доколку сте љубители на чоколадниот вкус, тогаш овој рецепт е создаден за вас.
Топло чоколадо, онака како што го подготвуваат Французите!
Состојки:
– 500 милилитри млеко;
– 100 грама темно чоколадо;
– 1 лажица шеќер;
– 1 цимет;
– 1 лажица какао;
– 1 кесичка екстракт од ванила;
– прстофат сол.
Подготовка:
Загрејте го млекото во сад, додадете го циметот и екстрактот од ванила. Кога млекото ќе проврие, оставете го на тивок оган уште неколку минути за да се почувствува мирисот на циметот.
Додадете една лажица какао и добро измешајте. Во смесата додадете шеќер и сол – како тајна состојка. Потоа додадете ја чоколадата и непрекинато мешајте додека таа не се стопи и не се добие потребната густина на смесата.
Французите обожуваат тост лепчиња да ги потопуваат во топлото чоколадо. Пробајте и вие!
извор:точка.ком.мк