Живот и Стил

Рецепт за лековит чај за детоксикација на белите дробови

Рецепт за лековит чај за детоксикација на белите дробови

Постојат одредени намирници за чистење на белите дробови, а на сите нѝ е познат и народниот лек од препржено млеко за сузбивање на кашлицата.

Белите дробови се душа на нашиот организам и затоа е важно редовно да ги чистиме, да го одржуваме нивното здравје и да ги детоксицираме.

За време на пандемијата на коронавирусот, важно е што повеќе да се посветиме на зајакнување на имунитетот и да го сочуваме здравјето преку правилна исхрана и детоксикација.

Ви претставуваме рецепт за неверојатен чај за детоксикација на белите дробови кој помага да го зајакнете имунитетот на респираторните органи, односно да ги исчистите од хемикалии и токсини од воздухот.

Освен што е многу здрав, овој чај има и пријатен вкус.

Состојки
– парче ѓумбир/1 лажица сув ѓумбир во прав
– половина лажица цимет во прав
– половина лажица босилек (сув или свеж)
– 1 лажица сушено оригано
– 3 зрна бибер
– 2 зрна кармадон
– 1/4 лажица семе од анасон
– прстофат ајован
– прстофат кумин

Подготовка
Сите состојки потребно е да ги додадете во 2 чаши врела вода. Чајот варете го 10 минути, а потоа оставете го малку да отстои. Исцедете го, па испијте го.

Пијте го овој чај неколку денови превентивно, за да ви се исчистат белите дробови. Доколку кашлате или имате одредени респираторни проблеми, консумирајте го додека не забележите дека олеснато дишете и дека тегобите исчезнуваат.

Напомена: Ако имате било какви потешкотии со дишењето, прво обратете се кај вашиот матичен лекар.

извор:точка.ком.мк

To top