Живот и Стил

Рецепт за домашен сладолед од малини

Рецепт за домашен сладолед од малини

Направете домашен леден десерт од овошје и шеќер или мед.

Потребни состојки (за 6 лица):

  • 500 грама свежи или замрзнати малини (делумно одмрзнати)
  • 150 грама шеќер (можете да користите мед наместо шеќер)
  • 375 милилитри слатка павлака
  • 1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Ставете ги малините во блендер и испасирајте ги. Потоа, ставете ги во сад, додајте го шеќерот и мешајте додека не се растопи и додека не добиете хомогена смеса.

Додајте ги слатката павлака и екстрактот од ванила и измешајте сè заедно. Турете ја смесата во сад и оставете ја во замрзнувачот додека не замрзне.

извор: Кафепауза

To top