Живот и Стил

Рецепт за брз колач со какао и јогурт: Толку сочен и вкусен што ќе го обожуваат сите

Рецепт за брз колач со какао и јогурт: Толку сочен и вкусен што ќе го обожуваат сите

Овој врвен десерт се прави многу брзо, а веруваме дека ќе ве освои и вас и вашето семејство.

Состојки:
– 200 грама шеќер;
– 300 грама брашно;
– 180 грама јогурт;
– 1 лажица сода бикарбона;
– половина чаша масло за јадење.

За сируп:
– 10 лажици шеќер;
– 2 децилитри млеко;
– 100 грама маргарин;
– 3 лажици какао.

Подготовка:
Смесата за тесто добро изматете ја додека не се соедини. Тестото ставете го во соодветен плех и печете на 200 степени Целзиусови 25-30 минути, а откако ќе го извадите од рерна, оставете го тестото да „мирува“.

Сварете го сирупот така што сите состојки ќе ги ставите во едно тенџере и ќе мешате додека не се соединат.

Колачот исечете го на коцки, па над него додадете го сирупот. Оставете го колачот добро да го впие сирупот, па послужете.

извор:точка.ком.мк

To top