Живот и Стил

Рецепт на денот: Мелено месо со зеленчук во бел сос

Рецепт на денот: Мелено месо со зеленчук во бел сос

Што вкусно да зготвите денес? Вкусно кремасто јадење со месо и зеленчук.

Состојки:

– 350 гр мешано мелено месо

– 1 страк праз

– 4 поголеми компири

– 2 моркови

– 2 дл млеко

– 2 дл јогурт

– 2 лажици брашно

– 4 лажици рендан пармезан

– малку масло

– путер

– сол, бибер

– магдонос

Подготовка:

Излупете ги компирите и морковите, исечете ги на коцки и сварете ги во солена вода.

Празот добро измијте го, исечете го на прстени и испржете го на малку масло. Кога ќе омекне, додадете го меленото месо и пржете додека месото не биде готово. Додадете сол и бибер.

Испржете го брашното во растопениот путер, додадете млеко и постојано мешајте за да не се формираат грутки. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од шпоретот, додадете јогурт, па сол и бибер.

Ставете ги исцедените компири и моркови во сад за печење, додадете го месото со праз и прелијте сè со белиот сос.

Добро промешајте, а одозгора ставете неколку парчиња путер, па посипете со сецкан магдонос и рендан пармезан.

Печете во загреана рерна околу 15 минути, додека не добие убава кора.

Добар апетит!

извор: kajgana

To top