Живот и Стил

Рецепт: Лиснати погачици со сирење кои се 100 пати подобри од куповните

Рецепт: Лиснати погачици со сирење кои се 100 пати подобри од куповните

 

Кога еднаш ќе ги направите, гарантираме дека постојано ќе ги припремате.

Потребни состојки:

– 400 до 500 гр. брашно

– половина лажичка квасец

– 100 мл. топло млеко

– 300 гр. путер или маргарин

– 300 гр. ситно сирење (или 150 гр. фета)

– сол (по желба)

– едно јајца за премачкување

Начин на припрема:

Во сад ставете го брашното, направете дупка во средината и во неа разматете го квасецот со млекото. Додадете го сирењето и маргаринот, растопен на собна температура.

Изгмечете со раце, а потоа замесете тесто.

Подготвеното тесто развлечете го на работната површина која претходно ќе ја посипете со брашно, преклопете ги рабовите и оставете да стои (поклопено) околу 15 минути.

Повторете ја оваа постапка уште еднаш. На крајот развлечете го тестото, исечете ги краевите, а потоа од него направете ленти па коцки. Тестото можете да го обликувате и со помош на чаша.

Погачиците ставете ги во тава обложена со хартија или намастена со маргарин и оставете да отстојат.

За тоа време загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени. Печете околу 30 минути додека не добијат златножолта боја.

извор: точка.мк

To top