Радио Милева со женско засилување на црвен килим

Раста со девојката и ќерката дојде на премиерата на својот филм (фото)

Раста со девојката и ќерката дојде на премиерата на својот филм (фото)

Стефан Ѓуриќ Раста синоќа имаше премиера на автобиографскиот филм „3211“ во кој детално опиша како поминал во затвор каде што завршил поради поседување наркотици.

На премиерата присуствуваа бројни познати личности, колеги и пријатели кои му пружија огромна поддршка на раперот.

Најголемото изненадување дефинитивно беше појавувањето на девојката на Раста, Марија Балабан, која заедно со ќерката на Стефан, Тара, блесна на црвениот тепих.

Марија за оваа прилика облече црн фустан со пресеци на стомакот, додека преслатката Тара во стилот на татко и облече широки панталони и широка бела блуза.

Да потсетиме, романсата меѓу Балабанова и Стефан Ѓуриќ Раста започна за време на изрекувањето на куќниот притвор на раперот поради големото количество марихуана што беше пронајдено во неговиот дом.

Стефан во едно од интервјуата ги откри деталите од врската на неговата избраничка и малата Тара, ќерката која ја имаша од краткотрајниот брак со пејачката Ана Николиќ.

– Одлично се согласуваат, тоа ми е и една од најважните работи со оглед на тоа што сама се грижам за детето и немам бебиситерка. Во тие ситуации ми е важно Марија да е таму. Тара е навикната да функционира со мајка си, како и со Марија.

– Таа сака убави жени. Тоа е нешто што и привлекува внимание. Таа секогаш прво гледа на ноктите, косата и се останато. Тоа и е важно во секој момент, без разлика што има пет години – изјави Ѓуриќ за „Блиц“.

фото:АТА Images/ Hello magazine.rs printscreen

To top