Не насловот не е никаква шега или обид за реклама на македонската поп дива, напротив… чиста реалност! Вистински раритет е да ја слушате Калиопи, како ви пее од комшискиот балкон и тоа гратис!
За да биде задоволството поголемо, маалскиот мини концерт на отворено, збогатен со уште два фрвно вокали. Но за тоа – потоа!
Калиопи последнава година полека, но сигурно го освојува регионот. Концерти низ цела Србија, со најава за големиот завршен концерт во „Комбанк арена“ во Белград на почетокот на ноември, за гранде финале.
Во меѓувреме Опи, како што ја викаат обожавателите и блиските не мирува. Како „загревање“ за големото белградско финале, таа тргна музички да покори уште една бивша ЈУ република – Босна и Херцеговина! Турнејата низ оваа земја од регионот доби интересна најава составена од насловите на некои од нејзините песни, а истата е закажжана за почетокот на октомври, па поп дивата забрзано се подготвува, за да се претстави во најдобро светло.
Затоа Опи не губи време, па дури и домашниот амбиент го користи за проби!
Нема подобра варијанта од тоа своите пријателки и придружни вокали – Маја Саздановака и Јулија Огненовска да ги викнеш на гости, па сите три да споите три во едно: ем успешна вокална проба, ем добра кафе дружба, ем соседите пресреќни што добиле гратис маалски концерт… од балконот!
А сите оние што не и се комшии, нека погледнат како изгледа и звучи кога ќе излезе Опи право на тераса и одржи концерт прва класа!