Радио Милева
штркот ќе донесе...?

Раперот Таско неодамна се ожени, а сега доаѓа и бебето чиј пол го откри на модерен начин (фото)

Раперот Таско неодамна се ожени, а сега доаѓа и бебето чиј пол го откри на модерен начин (фото)

Веќе станува унифицирано правило дека полот на бебето треба да се открие јавно и тоа на посебен начин со забава,балони, маскоти…

На таков начин по светски терк, полот на бебето кое го очекуваат обзнанија и раперот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа.

Идната мајка која веројатно е кон средината на бременоста беше највозбудена, но истото чувство не го заобиколи ниту идниот татко кој сакаше сите да знаат дека ќе добие наследник.

Го дупнаа балонот од кој се криеја сини конфети, се прегрнаа стопени од убаво дека веќе е јасно дека им доаѓа син.

Идните мама и тато ги имаат и првите патичиња за синчето, а веруваме дека отсега мама ќе почне со купување на бебешка гардероба и опрема.

Ианки, Таско изминатата 2022 година се ожени со Наташа по тригодишна врска, а сега тазен нбрачната двојка го очекува штркот да го донесе нивното малечко.


Честитки и со лесно!

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева