Радио Милева привлече внимание

Раперката на доделувањето на „Греми наградите“ се појави во фустан 18+, сите се чудат како не и испаднаа градите

Раперката на доделувањето на „Греми наградите“ се појави во фустан 18+, сите се чудат како не и испаднаа градите

Раперката Доја Кат привлече внимание со својот моден избор на Греми наградите оваа година.

Таа се појави во необичен фустан кој на горниот дел наликуваше на моторџиски јакни, со патент кој го откриваше скоро целото бујно деколте и долниот дел кој беше украсен со пердуви од паун.

„Ми се допаѓа тоа што го открива фустанот“, рече раперката за „El news“ и откри дека фустанот е дизајниран од Роберто Кавали.

„Во последно време многу сум пристојна. Отсекогаш сакав ова да го направам“, изјави таа.

фото: епа

Нејзиниот изглед предизвика реакции на социјалните мрежи. Додека некои ја фалеа за нејзината храброст, други истакнаа дека нејзиниот „аутфит“ изгледа невкусно.

„Доја е прекрасна, но за фустанот има едно големо „НЕ“, „Ова е жално. Зошто прекрасниот глас не е доволен?“, „Не ми е јасно како не се плаши дека ќе и испаднат градите“, се само некои од коментарите на Твитер.

 

To top