Живот и Стил

Рај кој се продава за 27 милиони долари: Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Џенифер Лопез

Рај кој се продава за 27 милиони долари: Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Џенифер Лопез

Доколку се прашувате како изгледа домот на една од најпознатите жени на светот, одговорот дознајте го во продолжение.

На пазарот на недвижнини, неодамна се појави оглас кој ги заинтригира многумина.

Имено, пејачката и актерка Џенифер Лопез го продава својот раскошен пентхаус на Менхетен, а нејзините обожаватели добија единствена прилика да дознаат како изгледаат просториите во кои таа го поминува своето слободно време.

Станот се наоѓа во зграда која датира од 1924 година, а истиот е со поглед кон Медисон Сквер Парк.

Во текот на 2013 година е завршен процесот на реставрација, а Лопез се одлучила за купување на овој пентхаус со големина преку 600 квадратни метри и додатни 300 метри надворешен простор. Зградата има своја приватна теретана и осигурување, до станот води лифт, а сè заедно делува навистина импозантно.

Пентхаусот на Лопез изгледа прозрачно, со доминација на белата боја во сите простории, а впечатливите бои се наоѓаат во малите детали. Во продолжение, погледнете дали понудената цена од 27 милиони долари е навистина оправдана.

извор:точка.мк
To top