Сања Сани Гроздановска е наша најактивна македонска пејачка и со ангажмани по цела недела.
Слободното време пејачката го користи да го помине со своето семејство, односно нејзините ќерки Викторија и помалата Ева, како и нејзиниот сопруг Мартин.
Во февруари минатата година Сани официјално стана Гроздановска и заплови во брчаните води со сопруг за кој вели дека и е најголема поддршка.
Неодамна таа во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг не е љубоморен и дека секогаш ја чува и имаат преубав однос.
Во ноември минатата година таа се реализира и по вторпат во улогата на мајка, на својата ќерка Ева.
Деновиве, Сани имаше повод за славење односно првиот роденден на нејзината миленичка. Меѓутоа, Сани исто така направи и крштевка на ќеркичката.
Студиото кое ги сликаше Сани и семејството сподели неколку фотографии, а ако судиме според нив може да видиме дека пејачката е среќна и навистина ужива.
Фотографиите кажуваат повеќе од илјада зборови.
фото: facebook/silvija image foto